35.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Роналдо уште долго ќе биде Крал на стрелците во ЛШ, Бензема го демне Левандовски (Фото)

Кристијано Роналдо со 140 гола во Лигата на шампионите уште долго ќе биде Крал на стрелците во луксузното европско натпреварување и само уште еден фудбалер ја има минато магичната граница од 100 погодоци.

Втор е Лионел Меси со 125 гола, па тандемот најдобри стрелци и играчи во 21 век очекувано е на првите две позиции.

Трет е Роберт Левандовски со 86 погодоци, но неговиот биланс го демне Карим Бензема.

Напаѓачот на Реал Мадрид досега има постигнато 83 гола и сè уште е во игра за подобрување на личниот биланс и во уште поважната мисија да го освои пехарот со Кралскиот клуб.

Бензема и неговите соиграчи од Реал вечерва од 21 часот на „Етихад“ го почнуваат полуфиналниот двомеч со Манчестер сити, што е нова шанса за францускиот репрезентативец да си го подобри салдото со голови во Лигата на шампионите и да се обиде да го смени Левандовски на третата позиција.

Топ-5 листата со најдобри стрелеци во ЛШ завршува со Раул Гонзалес, кој ја заврши кариерата со 71 постигнат гол.

Во вториот полуфинален двомеч утре на „Енфилд роуд“, патот кон финалето ќе го почнат Ливерпул и Вилјареал.

Реваншите се во Шпанија на 3 и на 4 мај, а финалето ќе се игра во Париз на 28 мај од 21 часот.

- Оглас -

Најнови вести