Роналдо во друштво на Џордан, Али, Меси, Болт.. стана легенда на „Марка“ (Видео)

Кристијано Роналдо е новата легенда на „Марка“, а денеска во Мадрид го прими престижното признание на реномираниот шпански медиум.

Роналдо е само една во низата спортски легенди што е награден од „Марка“. Досега ова признание го имаат најголемите светски спортски ѕверки од калибарот на: Мајкл Џордан, Мохамед Али, Лионел Меси, Индуараин, Јусејн Болт….

Интересно е што по цела година, Роналдо за првпат пристигна во Мадрид откако лани во јуни потпиша за Јувентус и се прости со настапите за Реал Мадрид.

На церемонијата во чест на Кристијано пристигна и претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес.

- Оглас -

Најнови вести