Роналдо во свој стил го прослави 100-тиот меч во дресот на Јувентус

Јувентус не дозволи изненадување и со 3:1 славеше на гостувањето кај Џенова, во меч од 11-тото коло во Серија А. Кристијано Роналдо беше славеник на овој дуел бидејќи по 100-ти пат го облече дресот на Јувентус во сите натпреварувања.

Сите четири погодоци беа постигнати во второто полувреме, а Роналдо како вистински лидер на теренот, двапати ја затресе мрежата на домаќините. Пауло Дибала погоди за водство на Јувентус, а Стефано Стураро израмни во 61-вата минута. Нерешено беше сè до 78-мата минута, кога беше досуден пенал за Јувентус.

Кристијано Роналдо ја презеде одговорноста и покажа дека многу ретко греши од 11 метри.

Португалецот погоди за 2:1, а 11 минути подоцна беше досуден уште еден удар од белата точка за гостите. Роналдо по вторпат беше прецизен и трите бода заминаа за Торино.

Откако е дојден во Јувентус, Роналдо постигна вкупно 79 погодоци. Единствено Омар Сивори со 84 гола во првите 100 меча и Фелис Борел со 80 гола во првите 100 меча се со подобар биланс од Роналдо во историјата на Јувентус.

 

- Оглас -

Најнови вести