Роналдо за првпат по 12 години една сезона ќе заврши без да освои никаков трофеј

Кристијано Роналдо е поим за трофеи. Португалецот во кариерата ги има освоено сите најзначајни пехари и едноставно не е научен на неуспеси. Сепак, со доаѓањето во Манчестер јунајтед, Роналдо требаше да биде свесен што го чека, а тоа е сезона без освоен трофеј.

Манчестер јунајтед петта сезона по ред завршува без да донесе пехар во своите витрини. Дури ни Роналдо не успеа да ја спречи оваа разочарувачка низа.

До враќањето во Манчестер, Кристијано имаше низа од 12 сезони во кои се радуваше барем на еден трофеј.

- Оглас -

Најнови вести