Роналдо знае да игра и одбрана подобро од Бонучи, му одзеде топка на Меси (Видео)

Кристијано Роналдо во Италија научи да игра и одбрана, а доказот дојде синоќа, кога тој им помагаше на своите соиграчи од дефанзивниот ред и во еден момент во манир на врвен централен одбранбен играч му одзеде топка на Лионел Меси. Интересно е што пред Роналдо да му ја одземе топката на Меси, Аргентинецот без проблем го помина и го посрамоти Леонардо Бонучи, кој е специјалист за игра во одбрана.

По натпреварот, Меси не си го смени дресот со Роналдо, туку со голманот Џанлуиџи Буфон. Легендата која во јануари ќе наполни 43 години синоќа му одбрани 5-6 шута на Меси.

Погледнете како Роналдо го запре Меси:

https://twitter.com/i/status/1336426288861466624

 

- Оглас -

Најнови вести