Рони О’Саливен открива кога му било најтешко: Денот го започнував со џоинт и алкохол

Тоа што е Мајкл Џордан во кошарката, Пеле во фудбалот, Тајгер Вудс во голфот и Роџер Федерер во тенисот, е Рони О’Саливен во снукерот. Популарната Ракета, како што е прекарот на О’Саливен, може подеднакво добро да игра со двете раце, да победи и кога се наоѓа во невозможна ситуација, да ги воодушеви гледачите со своите магични потези. Едноставн тој е гениј во снукерот.

Речиси пред 30 години О’Саливен се појави на светската снукер сцена и веднаш се знаеше дека се работи за нешто посебно. Само една година подоцна, односно како 18-годишен тинејџер го освои Отвореното првенство на Велика Британија, но наместо тогаш да продолжи да се вивнува во височините, се случи О’Саливен да се удри во магичен ѕид. Играчот кој покажа неверојатен талент едноставно реши да ужива во пороците со кои се запозна благодарение на славата која ја стекна.

„Премногу излегував навечер. Кога го освоив првенството на Британија во 1993 година си помислив дека тоа е тоа. Дека сум постигнал се што треба. Дека имам пари, убава куќа, автомобил и дека можам да правам што ќе посакам. Престанав да мислам на снукерот, шетав наоколу и правев глупости“, се присетува О’Саливен, за времето од почетокот на неговата кариера.

Токму таквиот начин на живот за малку ќе го чинело уништување на кариерата, но и на животот.

„Денот го започнував со алкохол и пушење џоинт. Едноставно тоа ми стана потребно за да можам да функционирам. Знаев дека тоа е лошо, но едноставно не можев да престанам. Еден ден решив да се јавам во клиника за одвикнување од зависност. Им кажав кој е мојот проблем и заминав таму на лекување. Тоа веројатно беше најдобриот потег што го имам направено во мојот живот. Бев уплашен. Мислев дека не сум зависник, дека тоа ми е потребно само за да се контролирам, но кога заминав таму, тие ми рекоа дека ми е потребна целосна апстиненција. Бев скептик и мислев дека нема да издржам. За среќа, успеав. Целосно се исчистив од алкохолот и дрогата. Алкохол знаев да се напијам по една чашка на шест месеци, ако беше некој роденден или за Нова година. Во други ситуации ни капка алкохол не конзумирав“, ја раскажува својата животна драма, легендарниот Рони О’Саливен, кој уште е дел од снукер спортот и уште фасцинира со своите потези.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести