Рони О‘Саливен со нов имиџ, но со стари навики

Снукер легендата Рони О`Саливен на првиот натпревар после паузата, а тоа е Чемпионшип Лигата, се појави со мустаќи, нешто што досега не било дел од неговиот имиџ. Англичанецот најчесто ги менува фризурите, некогаш знае и да се појави и неизбричен, па сега ги изненади фановите со мустаќи.

Изгледот воопшто не е важен за тоа како ќе играте, па Рони во својата група, ги доби сите три меча, и сите со по 3-0 во фрејмови. Така, Рони се пласираше меѓу 16-те најдобри, каде ќе има многу појаки противници, но барем засега може да се пофали дека е единствен кој нема загубено ниту една партија.

На 44-годишниот Рони не му се допаѓа играњето без публика и неможноста да се движи каде сака.

„Прво мислев да пуштам брада, но мојата партнерка ми предложи мустаќи, па си реков зошто да не. Кога ме видоа, некои ми рекоа дека личам на Фреди Меркјури, други ги потсетувам на оној познат мексикански дилер на дрога. Не ми се допаѓа што сме затворени во хотелот како во балон. Сакам да ја имам слободата да прошетам на воздух и да се напијам кафе. Ако сите турнири бидат вакви, нема да играм. Ова е како предизвик за мене“ – изјави Ракетата.

На мечевите од снукер турнирот кој не е рангирен, може да се обложите во Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести