Рони О’Саливен со страшно предупредување: Ако сакате смрт, одличен потег е одлуката да има навивачи на турнирот

Најпопуларниот снукер играч Рони О’Саливен повторно ги изнесе неговите стравувања во врска со корона-вирусот во пресрет на денешниот старт на Светското првенство во Шефилд. Во претходните неколку дена се играа квалификациите за настап на главниот турнир, а за време на мечевите беше дозволено присуство на гледачи.

Снукер играчот Ентони Хамилтон реагираше на тоа што мораше да игра пред присуство на публика, а веднаш поддршка пристигна и од О’Саливен.

„Не можам да се согласам со одлуката дека луѓето кои во претходните четири месеци држеле социјална дистанца, сега ќе може да влезат сите заедно во една соба. Тоа е во ред ако сакате да умрете, како што веќе многу луѓе умреа од овој вирус. Сепак, изгледа вам не ви е гајле за тоа. Затоа и го разбирам Хамилтон, кој има проблеми со астмата. И јас се грижам за своето здравје. Од друга страна, мора да ги разбереме организаторите кои сакаат да има навивачи. Сепак, има само по околу 200 навивачи, а не по пет илјади. Изгледа мора на некого да се тестира, па играчите на снукер турнирите се одлични лабараториски глувци“, вели 44-годишниот О’Саливен.

Главен фаворит за титулата е Џуд Трамп, кој е најдоброрангиран на светската листа. Првите мечеви од Светското првенство се играат денеска од 11 часот, а комплетната понуда за обложување може да ја најдете на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести