Розенбeрг од Малме му донесе добивка на тетовец од речиси 239 илјади денари

Погодокот на Маркус Розенберг кој последен пат настапи пред публиката во Малме, и во 96-та минута му донесе победа на својот тим од 4-3 против Динамо Киев, донесе голема радост и кај еден прогнозер од Тетово.

Тетовецот кој уплатил тикет во Sport Life, со уплата од само 30 денари, дојде до добивка од 238.966 денари. Прогнозерот погодил 13 меча од Лигата на шампионите и Лига Европа, а најкритичен му беше исходот од Малме. Таму чекаше победа на домашните, и тој гол на Малме за триумф над Украинците значеше дека ќе биде побогат за 238.966 денари.

Освен единицата на Малме која беше со квота 2.80, прогнозерот типувал и погодил уште десет фикса на конечен тип, од кои ниту еден меч не завршил нерешено, а има и погодено дека на Јанг бојс – Порто двата тима ќе дадат гол. Доста мечеви му завршија 1-0, па веројатно поголем бил стравот да не се случи некое несакано изедначување во финишот.

ГОСТИВАРЕЦ „ЛЕСНО“ ДО ДОБИВКА 138.389 ДЕНАРИ

Еден прогнозер од Гостивар, уплатата од 50 денари ја претвори во добивка од 138.389 денари, откако погоди 13 парови од вчерашната понуда од фудбалската Лига Европа плус мечеви од хокеј од шведската лига.

Прогнозерот има микс од игри, прогнозирал конечен тип, на 3+ голови, има и еден двознак. Квотите се од 1.47 до 2.50, а интересно е што речиси никаде немаше сериозни проблеми и сите резултати му одеа во прилог, па немаше драма од типот да чека гол во 90-та минута. Секаде резултатите порано му се наместија како што посакуваше, па на крај му остана да се надева дека ќе нема промени, и нема да падне некој гол кој ќе го направи недобитен тикетот.

- Оглас -

Најнови вести