Рублев е во топ-форма – Циципас е првиот тенисер од топ-10 што испадна на САД опен

Стефанос Циципас е првиот тенисер од топ-10 што испадна на стартот од четвртиот гренд-слем турнир во сезона, САД опен, а подобар од него беше Андреј Рублев.

Грчкиот тенисер е осми носител и беше еден од фаворитите од сенка за подвиг и титула во Њујорк, но се сопна на првата пречка.

Рублев ја доби битката на тенисери од иста генерација со 3:1. И двајцата имаат по 21 година, а мечот траеше долго, дури 4 часа.

Рускиот тенисер го доби првиот сет со 6:4, потоа имаше два тај-брејка, по еден за двајцата врсници и повторно Рублев имаше предност, а драмата кулминираше во последниот сет. Андреј имаше сервис за меч на 5:4, но Циципас направи брејк и потоа се загуби и мораше да му честита на противникот на пласманот во второто коло.

Рублев приреди изненадување и на турнирот во Синсинати со елиминација на двајцата Швајцарци, Роџер Федерер и Станислас Вавринка, а и во Њујорк покажува дека ќе биде опасен ривал за сите.

- Оглас -

Најнови вести