Рублев го следи Надал, победничките серии им се импресивни (Видео)

Андреј Рублев го следи Рафаел Надал и се поблиску е дуел во финалето во Индијан  Велс меѓу двајцата тенисери со двоцифрени серии на победи.

Рускиот тенисер лесно го елиинира Григор Димитров вечерва во четвртфиналето со 7:5, 6:2 што му е 13-ти триумф во низа на тениските турнири.

https://twitter.com/BNPPARIBASOPEN/status/1504910667437932544?s=20&t=tD9QjQbXERjMhVA9HORKvg

За финале ќе игра против победникот од последното четвртфинале меѓу Миомир Кецмановиќ и Тејлор Фриц.

Во првото полуфинале Рафаел Надал, кој има активна серија од 20 победи по ред ќе игра со сонародникот од Шпанија, Карлос Алкараз.

Ако Надал и Рублев се пробијат во финалето едниот од нив ќе мора да ја прекине серијата победи, во моментов две најдолги триумфални серии во машкиот тенис.

 

 

- Оглас -

Најнови вести