Ридигер ќе паузира неколку дена, Челзи ќе биде ранлив против Ливерпул

Дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер, вчера беше принуден да го напушти теренот во ремито без голови меѓу Вест хем и Челзи. Германецот се здоби со мала повреда, по што беше заменет од страна на Гери Кејхил, па иако не се работи за сериозна повреда, Сари вели дека Ридигер ќе мора да паузира неколку дена.

„Не се работи за посериозна повреда, тоа ќе го потврдат и докторите, но, по сè изгледа, Рудигер ќе мора да паузира неколку дена“, истакна Сари вчера, по мечот против „чеканите“.

Ова се непосакувани вести само два дена пред дуелот со Ливерпул во Карабао купот. Италијанскиот стратег ќе мора да комбинира за тешкото гостување, што ја олеснува работата на избраниците на Клоп да остварат победа. Фактот дека се работи за куп-натпревар, двете екипи ќе користат фудбалери кои не играат редовно, па со нивната желба максимално да ги искористат минутите, се очекува интересна пресметка во која со сигурност нема да изостанат голови.

Meдицинскиот тим на Челзи ќе мора да го закрепне Ридигер до следниот викенд, бидејќи веќе во недела повторно играат против Ливерпул, овој пат на „Стемфорд бриџ“, во рамките од седмото коло во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести