Руиз прифати реванш: Ќе му ја завршам кариерата на Џошуа

Актуелниот светски шампион во тешка категорија во три организации, Енди Руиз јуниор, го прифати предизвикот на Ентони Џошуа да се борат. Реваншот е закажан за 7 декември, а ќе се одржи во Саудиска Арабија.

Мексиканскиот боксер претходно годинава направи сензација во Њујорк, откаку му го нанесе првиот пораз на дотогаш непобедливиот Џошуа, одземајќи му ги сите три титули. Преговорите околу нова борба за светскиот трон во тешка категорија, започнаа само три дена по првиот спектакла по два и пол месеци конечно е постигнат договор.

„Еднаш го победив во Њујорк, сега кариерата ќе му ја завршам среде пустина. Благодарен сум за поканата од Саудиска Арабија, со нетрпение го чекам реваншот“, истакна Руиз.

Со триумфот над Британецот, Руиз се запиша во историјата на боксот како прв американски боксер со мексиканско потекло кој ја освоил светската титула во тешка категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести