„Рулетот“ застана на страната на Фулам: Јунајтед елиминиран од ФА купот! (Видео)

Голменот Лено е херојот на Фулам во мечот од осминафиналето на англискиот ФА куп. Германецот успеа да ги одбрани пеналите на Линделоф и Циркзе и да ја однесе својата екипа во четвртфиналето.

Фулам имаше водство уште во првото полувреме, со голот на Баси, но Бруно Фернандес во 71-вата минута го спаси Манчестер јунајтед од пораз и го однесе мечот во продолженија, во кои немаше голови.

Во пенал-рулетот, поуспешни беа фудбалерите на Фулам со 4-3 и тоа пред се поради одличниот Лено кој ги одбрани ударите од белата точка во четвртата и петтата серија, а гостите ги погодија сите четири кои ги шутнаа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести