Данскиот тенисер Холгер Руне, кој пред неколку дена изјави дека желба за 2024 година му е да го победи Новак Ѓоковиќ во финале на Отвореното првенство на Австралија, повторно зборуваше за светскиот рекет број 1, кој им е трн во око на амбициозните помлади колеги.
Овојпат во поткастот на славниот Џими Конорс, Руне говореше за тоа како може да биде запрен Новак и што побрзо да ја заврши кариерата.
„Новак годинава освои три од четирите гренслема, го освои и завршниот Мастерс. Мора да најдеме начин како да го запреме. Ќе пробаме да го победиме, но не еднаш, треба постојано да го победуваме. Ако продолжи да победува на големите турнири, нема зошто да се повлече. Мислам дека тој нема да се пензионира додека не почне почесто да губи. За нас добро е што има таков играч кој долго време држи висок стандард и знаеме дека е тоа е она вистинското кон кое треба да се стремиме“, рече Руне, кој заедно со Карлос Алкарас и Јаник Синер се тројката од новата генерација која треба да се бори за врвот.