Руни: Дури ни готвачката не го сакаше Мурињо

Оле Гунар Солскјер во првиот меч како наследник на Жозе Мурињо успеа да го одведе Манчестер јунајтед до победа од 5-1 на гостувањето кај Кардиф. Тоа е првпат во еден дуел од Премиер лигата „црвените ѓаволи“ да дадат пет погодоци по завршувањето на ерата на Сер Алекс Фергусон во 2013 година.

По победата над Кардиф, Солскјер откри дека пред средбата комуницирал со Вејн Руни и дека од него добил неколку совети. Сега, со свое видување за ситуацијата на „Олд Трафорд“ се огласи и самиот Руни. Легендарниот голгетер на Манчестер открива дека сите во клубот биле против Португалецот.

„Не беа само играчите кои сакаа Мурињо да си замине од клубот. Уверен сум дека тоа го размислувал и Ед Вудвард, сите кои се дел од клубот, па дури и готвачката. За да биде еден клуб успешен, сите работи треба да бидат под контрола и сите да бидат среќни. Односите во клубот беа грозни, но по доаѓањето на Оле Гунар, работите дојдоа на свое место. Играчите повторно се насмеани. Управата го направи вистинскиот потег“, рече Руни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести