Руинирано и речиси напуштено село даде шампион каков што е Хабиб (Видео)

УФЦ шампионот во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов неодамна беше во селото во коешто е роден и израснал. Планинското рурално селце Силди е место во кое сега живеат помалку од 200 жители, а добар дел од куќите се напуштени.

Хабиб е горд на местото од кое потекнува, а каде што во негова чест има и улица со неговото име. Улицата е долга само неколку метри, но големиот шампион е среќен што во селото има таква улица што се вика Нурмагомедова улица.

„Пристигнав во Силди. Од тука потекнувам. Некои луѓе уште живеат тука“, вели Хабиб на видеото додека покажува делови од селото, но и од неговата родна куќа.

Нурмагомедов, кој во кариерата нема ниту еден пораз, моментно се подготвува за неговата следна борба, а тоа е дуелот против Тони Фергусон на 18 април.

 

- Оглас -

Најнови вести