Русинка се вакцинирала за да игра на Отвореното првенство на Австралија, но пак не може, ја „утнала“ вакцината

Руската тенисерка Наталија Вихљанцева, која моментно е на 54-тото место на ВТА листата, се вакцинира против ковид-19 со намера да игра на отвореното првенство на Австралија, но сега се соочува со нов проблем, вакцината „Спутник“ не е верификувана во Австралија.

Откако Наталија објави дека нема да игра, се појавија многу негативни коментари кон властите во Австралија и организаторите на гренслемот во Мелбурн бидејќи се покажа дека услов за настап на Отвореното првенство на Австралија не е само да се биде вакциниран со две дози, туку тоа мора да биде вакцина која тие ќе ја одредат.

- Оглас -

Најнови вести