Русинот е сензација на Вимблдон, но не лета на облаци и не сака да престојува во луксузни хотели

Рускиот тенисер Роман Сафиулин е вистински хит на машкиот турнир на Вимблдон и со победата над Денис Шаповалов во четири сета обезбеди пласман во четвртфиналето на гренслем-турнирот кој се игра во Лондон и на прес-конференцијата по мечот изјави дека успехот не го променил.

Тој на прашањето дали за втората недела од Вимблдон ќе се пресели во луксузен хотел, изјави дека не му паѓа на памет да направи такво нешто.

„Не. Зошто би менувал, сега престојувам во убав хотел. Нормално, не е како тие со пет ѕвезди, но ми се допаѓа креветот. Згора на тоа, не е далеку од комплексот и нема многу сообраќај и зошто тогаш да го менувам хотелот“, одговори Сафиулин.

Тој на медиумите им откри дека заборавил да се пријави за настап на претходниот гренслем-турнир, Ролан Гарос.

„Да, заборавив да се пријавам за квалификациите за Ролан Гарос“, рече Сафиулин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести