Русинот го сопре чешкото чудо и стигна до третиот трофеј за само седум дена!

Андреј Рублев е победник на АТП турнирот во Дубаи, откако во финалето со 6:3, 6:4 го победи Јиржи Весели од Чешка. Русинот беше фаворит и конечно му стави крај на изненадувањата на Весели, кој на патот до финалето ги елиминираше Шаповалов, Ѓоковиќ, Баутиста и Чилиќ.

За Рублев ова е трета титула во само седум дена, откако минатиот викенд Русинот се радуваше на трофеите во сингл и дубл конкуренција на АТП турнирот во Марсеј. Вкупно за Рублев ова е 10-та титула во поединечна конкуренција, а петта на АТП 500 турнирите.

„Во следните два дена сигурно само ќе спијам. Нема да станам од креветот. Конечно можам малку да се одморам. Пресреќен сум за победата, но многу сум уморен. Знам дека и Јиржи беше уморен“, рече победникот Рублев.

Весели кој како 123-то рангиран на АТП листата играше во финалето, е најслаборангиран тенисер кој играл во финалето на 30-годишната историја на турнирот во Дубаи.

- Оглас -

Најнови вести