Руска закана, Ѓоковиќ наскоро го губи првото место на АТП листата?

Рускиот тенисер Данил Медведев може наскоро да се искачи на првото место на АТП-листата и да ја прекине доминацијата на Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Роџер Федерер и Енди Мареј, кои 17 години се менуваа на тронот и никој не успеваше да ги загрози.

Ѓоковиќ е во својата рекордна 319-та недела како број 1, но тој неделава не игра во Мадрид, каде што триумфираше на претходното издание во 2019 година, па според правилата, ќе загуби 500 поени и Медведев има прилика да го загрози. Медо на турнирите на земјена подлога брани само 15 поени, за разлика од Ѓоковиќ (1.600) и Надал (2.090).

За да биде прв на АТП-листата, Медведев мора да го освои Мастерсот во Мадрид или оној во Рим и да стигне барем до полуфинале на другиот. Во тој случај, Русинот ќе биде прв, но исто така Новак и не смее да игра финале во Рим.

Последен тенисер кој бил на прва позиција на светската ранг-листа, а да не е Ѓоковиќ, Надал, Федерер или Мареј, беше Американецот Енди Родик во февруари 2004 година.

- Оглас -

Најнови вести