Руски борец спарингуваше со јарец, животното се покажа како незгоден ривал (Видео)

За шампионот Хабиб Нурмагомедов се знае дека како дете се борел со мечка, а сега се појави уште еден руски ММА борец кој најде оригинален начин за добра подготовка пред тешките предизвици. Забит Магомедшарипов, направи нешто што на малкумина би им паднало на памет, на социјалните мрежи се пофали дека дел од тренингот го минал борејќи се со јарец.

Според она што може да се види на снимката, јарецот се покажа како повеќе од достоен ривал. Магомедшарипов во профи кариерата има 20 борби, од кои доби 19. Во УФЦ не знае за пораз, има 6-0.

https://www.youtube.com/watch?v=TXuar7s3tDU

 

- Оглас -

Најнови вести