Руски политичар со провокација: Губиме од Динамо, а Загреб не можете да го најдете на мапата на светот

Загреб не можат сите ниту на картата на светот да го пронајдат и нема никакво оправдување за поразот на Краснодар од Динамо. Руските клубови не се подготвени за настап во еврокуповите“, изјави рускиот политичар и заменик претседател во руската Дума, Игор Лебедев.

Познатиот ултрадесничар вели дека на рускиот фудбал му требаат длабоки реформи, ако сака да биде конкурентен во Европа.

Краснодар загуби со 2:3 од Динамо Загреб на свој терен во првиот дуел од двомечот меѓу овие екипи во Европа Лигата.

Реваншот ќе се игра за една седмица на „Максимир“, а Аријан Адеми кој е капитен на Динамо и Стефан Ристовски, кој го одигра првиот европски меч за популарните Модри, откако дојде од Спортинг Лисабон имаат голема шанса да се пласираат во осминафиналето во Европ Лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести