Шок за Њујорк – Рускиот ренџер нема да игра, обвинет е дека претепал девојка пред 10 години

Шокантна одлука донесе најдобриот Ренџер на Њујорк, Артеми Панарин, да не игра во НХЛ на одредено време со дозвола на клубот додека не се разјаснат обвинувањата од пред 10 години дека претепал 18-годишна девојка во Русија.

Панарин веднаш реагираше на објавата на дел од руските медиуми дека бил инволвиран во ваков инцидент во својата родна земја, а вели дека тоа е местенка од властите во Русија и медиумите блиски до Владимир Путин.

Најдобриот поентер на Њујорк ренџерс со 18 поени во досегашниот тек на сезоната во НХЛ-лигата е подржувач на опозицијата во Русија и неодамна објави пост на „Инстаграм“ со кој повика да се ослободи од затвор Алексеј Навални.

Раководството на Ренџерс застана во заштита на својот хокеар и објави дека ќе му даде слобода да не игра одреден период, додека не се разреши мистеријата од пред 10 години. Тогаш Панарин играше во КХЛ лигата во Русија и наводно претепал 18-годишна девојка.

Семејството на Панарин живее во Русија и хокеарот вели дека стравува од одмазда за негивата поддршка на Навални, кој е меѓу главните опозиционери и противници на Владимир Путин.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести