Рутина за Реал Мадрид – Победа од 4:1 против Ал Аин за четврта титула во Светскиот клупски куп

Реал Мадрид ја слави четвртата круна во Светскиот клупски куп, а патот до нов трофеј беше само рутина за актуелниот европски првак.

По триумфот од 3:1 против јапонска Кашима во полуфиналето, вечерва „кралевите“ беа уште поефикасни и со 4:1 го декласираа домаќинот Ал Аин.

Лука Модриќ и Маркос Љоренте постигнаа убави голови за предност од 2:0, а потоа и капитенот Серхио Рамос се истакна со гол со глава за потврда на победата и одбрана на титулата.

Шиотани намали со почесен гол за Ал Аин, но Надер си постигна авотогол за пораз на претставникот на Обединетите Арапски Емирати во нивното прво финале во Светскиот клупски куп.

Претходно во меч за третото место Ривер плејт ја декласира Кашима со 4:0.

- Оглас -

Најнови вести