Рутинска победа на ракометарите над тим кој ќе игра на Светско првенство

Машката ракометна репрезентација на Македонија со 25-21 го совлада Чиле во пријателски натпревар кој се одигра вечерва во „Јане Сандански“ во Скопје.

Чилеанците се подготвуваат за настап на Светското првенство во Египет на кое може да игра и Македонија ако некоја селекција откаже во последен момент. Селекторот Данило Брестовац сакаше да испроба некои ракометари, па за овие мечеви со Чиле (ќе се игра уште еден в недела на 9 јануари) не повика некои од најискусните ракометари и долгогодишни репрезентативци, додека Кирил Лазаров вечерва беше на клупата.

Пешевски и Серафимов со по 5 гола беа најефикасни во македонскиот тим. Добри беа и голманите Митревски и Томовски со вкупно 15 одбрани.

- Оглас -

Најнови вести