Рутински и сосема заслужен триумф на Македонија против Гибралтар (видео)

Фудбалската репрезентација на Македонија ја забележа првата победа во овој циклус во Лигата на нациите. Рисовите со сигурни 2-0 славеа на гостувањето кај Гибралтар за преземање на посакуваното прво место во групата 4 од сегментот Ц.

Со одличен соло-продор Барди вешто се снајде во противничкиот шестнаесетник за да го реализира својот јубилеен 10-ти погодок во националниот дрес во 21-та минута.

Победата можеше да биде уште поубедлива доколку се искористеа шансите во првиот дел, но и Гибралтар имаше голема шанса да дојде до израмнување. Кардинална грешка направи Муслиу при едно додавање назад до голманот Илиев, топката ја пресече Валарино кој пак не се снајде во ситуација „еден на еден“.

Претходно Ристовски беше спречен од гредата да се радува на водечки гол во седмата минута, додека Николов и Спировски со опасни удари од далечина се закануваа кон голот на домаќините.

И во второто полувреме избраниците на Милевски ја диктираа играта, но сепак ветрот воопшто не ни беше од помош. Гибралтарците се обидуваа со непријатни нафрлувања да се вратат во игра, но за наша среќа Илиев во своето сениорско деби беше на ниво на задачата.

Посакувавме втор гол за решавање на дилемите и го добивме од Николов во 84-та минута. играчот за врска профитираше од лошата комуникација на домашната одбрана и го постави конечниот резултат во финишот од дуелот.

По првите две кола Македонија е лидер во групата 4 со четири бода, за Гибралтар ова беше втор пораз по убедливите 0-4 од Гибралтар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести