Сабаленка ја оправда фаворитската улога против Украинката Свитолина и се пласира во полуфиналето во Ролан Гарос

Белоруската тенисерка и втора носителка, Арина Сабаленка, ја оправда улогата на фаворит и за нешто повеќе од 90 минути, ја совлада Елина Свитолина во два сета со 6:4,6:4 и се пласира во полуфиналето на Ролан Гарос.

На Сабаленка во првиот сет и беше доволен само еден брејк, кој ги направи во деветтиот гем, додека понеизвесно беше во вториот сет.

Свитолина уште на стартот направи брејк и поведе со 0:2, но потоа следеше серија од четири гема по ред на Сабаленка за водство од 4:2 кое не го испушти то крајот и си пласира во полуфиналето.

Противиничка на Сабаленка во полуфиналето ќе биде чешката тенисерка Каролина Мухова која во 7:5,6:2 ја победи Русинката Анастасија Пављученкова.

- Оглас -

Најнови вести