Сабаленка првпат снимена по смртта на момчето, се појави на тренинг во Мајами (Видео)

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка утринава се појави на тренинг на терените во Мајами, и тоа дента кога нејзиното момче Константин Колцов според полицијата изврши самоубиство.

Сабаленка одлучи да настапи на турнирот од серијата мастерс 1000 во Мајами и иако не се огласи во јавноста по смртта на Колцов, таа одработи еден тренинг.

Тенисерката која многумина ја сметаат за највесела на ВТА, на тениските терени во Мајами се појави во црна комбинација, а во првиот меч ќе игра против нејзината најдобра пријателка Паула Бадоса.

Организаторот на Мастерсот потврди дека Сабаленка нема да биде дел од прес-конференцијата пред мечот, а засега не е одлучено дали ќе биде ослободена од давање изјави за медиумите во текот на целиот турнир.

 

 

- Оглас -

Најнови вести