Сабота ќе биде ден за фудбалска историја во Англија

Историски момент за англискиот фудбал се подготвува за во сабота, а честа првпат фудбалски меч да суди како странец во Премиер лигата ќе му припадне на Австралиецот Џаред Жиле.

Тој ќе биде главен арбитер на дуелот меѓу Ватфорд и Њукасл во сабота од 16 часот, што е прв таков случај во колевката на фудбалот.

Жиле живее во Англија од 2019 година, но досега има судено само во австралиската лига, каде што беше еден од најдобрите судии. Во Англија досега беше само дел од екипите со судии во ВАР-соба, а сега за првпат ќе биде и главен арбитер, и тоа како прв странец што судел меч од најквалитетната англиска лига.

 

- Оглас -

Најнови вести