САД и Русија ќе прават „трампа“ – Кошаркарка која е во затвор ќе ја менуваат за озогласен дилер на оружје

Американската кошаркара Бритни Гринер која што од февруари се наоѓа во затвор во Русија, поради тоа што е фатена со канабис во својата торбица најверојатно ќе биде екстрадирана во својата земја.

Според медиумите од САД, администрацијата на претседателот Џо Бајден преговара со руските власти за екстрадација на Гринер. Во спротивна насока, односно од затворот во Америка кон Русија ќе биде испратен озогласениот дилер на оружје Виктор Боут.

Гринџер настапуваше за УММЦ Екатеринбург каде што беа неприкосновени и во рускиот шампионат, но и во Евролигата.

Таа во 2013 на WNBA драфтот беше избрана за прв пик од страна на Феникс меркури, а веќе следната сезона со овој тим ја освои и титулата.

- Оглас -

Најнови вести