САД ќе биде домаќин на Копа Америка, во првенство кое ќе биде историско, а Меси и Аргентина ќе го бранат тронот

Следниот голем репрезентативен настап на Лионел Меси со Аргентина ќе биде настапот на Копа Америка следната година. Натпреврувањето кое постои повеќе од 100 години, а шампионот го добива приматот за најдобра репрезентација на Јужна Америка, овојпат ќе биде поинакво.

Официјално беше потврдено дека турнирот ќе се игра во САД, што значи дека Американците ќе бидат домаќини на 10-те селекции од Јужна Америка. Сепак, освен јужноамериканските селекции, на Копа Америка 2024 година, ќе играат уште шест селекции и тоа ќе бидат најдобрите од Средна и Северна Америка.

Ова ќе биде прв пат Копа Америка да биде со 16 селекции, а според многумина ова ќе биде како генерална проба за САД, кој во 2026 година заедно со Мексико и Канада ќе бидат домаќини на Светското првенство.

- Оглас -

Најнови вести