Сенегал го победи Катар со 3-1, и драстично си ги зголеми шансите за пласман во осминафиналето на Светското првенство.
Сенегалците на овој меч испишаа историја, станаа првата селекција која не е од Европа или Америка, а постигнала повеќе од два гола на меч против домаќин на СП. И домашните испишаа историја, погодокот на Мохамед Мунтари (играч роден во Гана) е прв за Катар на светските првенства.
Ова е прва победа за африканска селекција на Мундијалот во Катар, па сега Лавовите чекаат исход на мечот Холандија – Еквадор, пред да почнат со математики како да дојдат до осминафиналето.
https://twitter.com/i/status/1596152640009822211