Садио Мане: Не се чувствувам како шампион

Ливерпул може да биде најголемиот губитник во историјата на фудбалот ако се гледа за тоа како стои ситуацијата за оваа сезона. Англискиот гигант играше блескаво, победи на 27 од 29-те меча во Премиер лигата и има неверојатни 25 бода пред вториот Манчестер сити.

И покрај таквата ситуација, Ливерпул уште не може да се нарече шампион затоа што му фалат барем уште две победи за и теоретски да стигне до трофејот. Сепак, пандемијата со Коронавирусот тоа засега го стопираше. Се очекува продолжување на првенството, но поголем дел од клубовите се против таква варијанта.

Садио Мане, ѕвездата на Ливерпул, вели дека сака да се доиграат мечевите, но ако тоа не се случи, Ливерпул во следната сезона ќе покаже дека е вистински шампион.

„Не се чувствувам како шампион. Ја сакам мојата работа, го сакам фудбалот и сакам на теренот да станам првак. Сакам со победи да стигнам до трофејот. Сепак, што и да се случи, јас ќе имам разбирање затоа што знам во каква ситуација се најдовме. Тешко е за Ливерпул, но многу потешко е за милиони луѓе низ целиот свет. Луѓето губат блиски од семејството и ситуацијата е многу сложена. Мојот сон е сезонава да бидеме прваци во Премиер лигата, но ако тоа не се случи сега, ќе покажеме следната сезона дека сме најдобри“, рече Мане.

- Оглас -

Најнови вести