Сагата околу продажбата на Челзи е речиси готова – Познато е кога овој тим ќе стане „американски“

Речиси дводецениската ера на Роман Абрамович во Челзи е готова. Рускиот милијардер поради санкциите од британската влада кон него, односно кон неговата држава поради агресијата кон Украина, го присилија да го продаде клубот.

Новиот газда, Тод Боели е познат од поодамна, а тој веќе беше и на неколку натпревари на тимот. Но, во меѓувреме се појавија проблеми при склучувањето на договорот вреден пет милијарди евра, по што сите активности околу трансакциите беа стопирани.

Но, тие се веќе надминати, па од понеделник, Челзи се очекува да премине под сопствеништво на Американецот. Со тоа, ерата на тимот од Лондон под водство на  новиот сопственик ќе може да се фокусира на претстојниот трансфер пазар, бидејќи сега ќе може да продава и да купува играчи, откако беа тргнати сите забрани кон клубот, со самата продажба.

 

- Оглас -

Најнови вести