Сагата со Меси заврши, па Барса сега може да се пушти во шопинг

Лео Меси засега ќе мирува и престанува да ѝ прави проблеми на Барселона, па управата сега може да се насочи кон засилување на тимот на Роналд Куман. Не беше тајна дека ексселекторот на Холандија ќе посегне по сонародници, а Мемфис Депај може да биде еден од оние кои летово ќе биде нова аквизиција на „Камп ноу“.

Каталонците нуадт 25 милиони евра на Лион за услугите на поранешниот офанзивец на Манчестер јунајтед. Депај изминативе години ја поврати формата во Лион и го покажа квалитетот кој не го истакна на „Олд трафорд“, па затоа по наредба на Куман, Барселона ќе се обиде да го ангажира Холанѓанецот кој може да игра на неколку позиции во нападот.

Депај би требало да стане нов член на Барселона по завршувањето на циклусот во Лигата на нациите, а најверојатно ќе пристигне со репрезенативниот колега Џини Вајналдум, уште една желба на Куман.

- Оглас -

Најнови вести