Сакал да го гледа својот коњ како се трка, па си доби казна од 1.500 евра

Мбаје Нијанг, напаѓачот на францускиот прволигаш Рен, ќе мора да плати 1.500 евра казна поради тоа што ги прекршил мерките за социјална дистанца, така што заминал на хиподром во Марсеј да го гледа својот коњ како се трка.

Нијанг бил во друштво со уште четворица, меѓу кои бил и претседателот на регионалните коњски трки, а сите се казнети парично. Во Франција коњските трки се дозволени од 11 мај, меѓутоа според мерките за заштита од ковид-19, на хиподромите е дозволено присуство само на учесниците на трките.

Од претходно е познато дека фудбалкото првенство во Лига 1 е прекинато, а Франција е една од најпогодените земји во Европа со повеќе од 28.000 лица починати од корона-вирусот.

- Оглас -

Најнови вести