Хјон Мин Сон го постигна можеби неговиот најдобар и најубав погодок во кариерата. Ѕвездата на Тотенхем го зголеми водството на 3-0 против Барнли во 32-та минута, а начинот на кој го постигна голот може да се види само во компилацијата мајстории на Лионел Меси.
Кореецот од својата половина ја зеде топката, издрибла шестмина противнички фудбалери и лесно го совлада голманот на гостите. Ремек-делото на Сон дефинитивно ќе претендира за најдобар гол на сезоната во Премиер лигата.
https://www.youtube.com/watch?v=nwhFBT6ku0Q