Сакам да го видам кој е фраерот што рече дека тоа не било рака!

Вест Бромвич Албион вчера пропушти голема шанса да го победи Челзи, откако одигра 3:3, иако домаќините имаа предност од 3:0 на полувремето. Челзи беше фаворит пред мечот. но лондончани наидоа на разигран домаќин, па буквално во судиското надополнување се спасуваа од пораз.

Голот за 3:3 на Челзи беше повеќе од сомнителен, затоа што непосредно пред Тами Абрахам да погоди, Каи Хаверц играше со рака. Германскиот интернационалец едноставно ја смири топката со рака, а потоа акцијата продолжи и беше постигнат гол.

По тој погодок, се гледаше и ВАР, но беше одлучено дека немало намерно играње и тоа не влијаело на акцијата, па погодокот беше признат, што многу го налути тренерот на ВБА, Славен Билиќ.

„Што и да кажам повторно ќе ме казнат. Не е проблем што ќе ме казнат, туку што имам играчи кои од една стрна се задоволни со тоа како одиграа, а од друга страна се разочарани затоа што на таков начин загубија два бода. Не знам како е можно да е признат голот кога ја проверуваа ситуацијата. Во кој момент тој фраер вели дека нема играње со рака? Очигледно е дека има рака. Мене тоа ме интересира, кој од судиите ја стопираше ситуацијата и процени дека нема рака“, револтирано вели Билиќ.

Целата ситуација по која Челзи даде гол за 3:3 може да ја погледнете ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести