Сакаш да го глумиш Зидан? Еве ти црвен! (видео)

Дерби каунти изненади во третото коло во ФА купот откако го елиминираше Кристал палас со 1-0 на „Селхарст парк“. За Овните беше доволен голот на Мартин во првиот дел, а помогна и црвениот картон кој го заработи Лука Миливојевиќ по еден час игра.

Фудбалерот на Палас во дуел со Хадлстон беше премногу агресивен и се обиде да предизвика физичка пресметка, па со глава во стилот на Зидан тргна да го удри противникот. Судијата Тејлор прво им покажа жолти картони и на двајцата, но по консултација со ВАР собата Миливојевиќ беше исклучен од мечот.

- Оглас -

Најнови вести