Сакаше да биде интересен, на крајот се „патосираше“ (Видео)

Фудбалерите на Црвена ѕвезда вечерва гостуваат кај Слован Либерец, во меч од шестото коло од Лигата на Европа. Мечот нема да има некое големо значење затоа што српскиот првак веќе се пласираше во нокаут-фазата, а домаќините немаат шанса да мрднат од третото место.

Пред тргнување кон Либерец, на аеродромот во Белград се случи необичен инцидент. Фудбалерот Никола Крстовиќ сакаше да се пошегува со една од количките кои се за багажот, но се посрамоти. Наместо да се повози со количката, Крстовиќ падна и си го повреди коленото. За среќа, повредата не е сериозна, а Крстовиќ научи важна лекција дека треба да биде посериозен во иднина.

https://twitter.com/i/status/1336738515678334976

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести