Сакаше да му го украде автомобилот на ММА борец и зажали (Видео)

Американскиот ММА борец Џордан Вилијамс објави видео снимка на која се гледа како крадец се обидува да му го украде автомобилот. За среќа, Вилијамс брзо реагирал и успеа да го сопре крадецот, а потоа и да го исфрли од возилото, задавајќи му неколку удари.

„Некој се обиде да ми го украде автомобилот. Ако се прашувате зошто моторот на автомобилот работи додека сум јас надвор, тоа е и причината поради која крадецот не успеал во својата намера. Имам „стисни за старт“ систем и мојот автомобил не може да тргне доколку клучот е одалечен повеќе од еден и пол метар. Сепак, ја научив лекцијата, а се надевам дека и крадецот ја научи својата лекција“, напиша Вилијамс во објавата од несекојдневната ситуација.

 

- Оглас -

Најнови вести