Сакате точни прогнози на Спортска? Погледнете како типувал Владимир, тој вчера имаше 7 од 7

Од 1.271 прогнозери во 19 коло, Владимир е експертот за саботните мечеви. Тој успеа да ги погоди сите седум понудени средби и останува во игра за освојување на мобилен телефон IPhone XS. Владимир ги погоди домашните победи на Келн против Волфсбург, Норвич против Борнмут и Сасуоло против Торино, како и радоста на Вулверхемптон на гости кај Саутемптон. Мајсторски се погодени и три „икса“. Нерешено завршија средбите Брајтон – Астон вила, Вест хем – Евертон и Твенте – Гронинген, а Владимир ги погоди сите.

За денес има пет меча од понудата на Спортска прогноза, а воопшто не би било лошо да се види како прогнозирал Владимир. Ако успее да ги погоди и денешните мечеви, ќе му  остане само уште средбата Ризеспор – Генчлебирлиги која се игра утре а очекува победа на домаќините.

Што се однесува до денешните мечеви од понудата, еве кои се најчестите прогнози на речиси 1.300 играчи на Спортска прогноза. Денот треба да започне со нерешено меѓу Бетис и Реал Сосиедад за што прогнозирале 43,3 отсто. Коефициентот за реми во Sport Life е 3,55. 

На Емен – Хераклес во холандското првенство и на дуелот од Белгија меѓу Зулте Варегем – Генк, гостите се фаворити. Во триумф на Хераклес веруваат 68,3 отсто, додека Генк треба да е уште посигурен затоа што има 75,9 отсто шанси според прогнозерите. Двојката на Хераклес е со коефициент 2,38, а за победа на Генк коефициентот е 2,30.

Најсигурен кец за денеска треба да е дуелот Болоња – Верона, затоа што 88,1 отсто играчи на Спортска прогноза веруваат во победа на Болоња, а коефициентот за тоа е 2,00. Шлагот на денот е дербито меѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед, а 75 отсто очекуваат домаќините да се радуваат на „Енфилд роуд“. Победата на Ливерпул вреди коефицент 1,42.

Вкупниот коефициент на овие пет меча според проценките на најголемиот дел од играчите на Спортска прогноза е 55,18. Тоа значи дека со 100 вложени денари добивката би била 5.518 денари.

 

 

- Оглас -

Најнови вести