Саки: Ливерпул нема фудбалери од светска класа!

Славниот италијански стручњак Ариго Саки често сака да дава контроверзни изјави, а најновиот „бисер“ на 76-годишниот екстренер е дека Ливерпул нема играчи од светска класа.

Саки, кој со Милан доминираше во Европа кон крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите години на минатиот век, а како селектор на Италија стигна до финале на СП 1994, не е импресиониран од Ливерпул, екипата која сезонава има шанса да ги освои сите можни натпреварувања во коишто учествува.

„Ливерпул игра со високо темпо и силен интензитет, но нема играчи од топ светска класа. Салах кога беше во Италија, беше обичен добар играч, но не е и светска класа“, изјави Саки.

Оваа изјава изненади многумина бидејќи Салах, Мане и Ван Дајк се сметаат за едни од најдобрите фудбалери на светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести