Салах бара помош за Газа: „Ги повикувам светските лидери да спречат убивање на невини луѓе“ (Видео)

Најдобриот фудбалер на Ливерпул и еден од најдобрите светски фудбалери во моментов, Мохамед Салах, со објава на социјалните мрежи бара помош за народот во Газа и ги моли светските лидери да интервенираат.

„Не е лесно да се зборува во вакво време, кога има премногу насилство. Ескалацијата на насилството и масакрот на кој сведочиме мора да прекине, хуманитарната помош за Газа мора да биде дозволена веднаш. Луѓето живеат во ужасни услови, сцените од болницата претходната ноќ беа ужасни. На луѓето од Газа им треба храна, вода и медицинска опрема. Ги повикувам светските лидери да спречат убивање на невини луѓе, ова мора да се спречи“, вели Салах во видеото објавено на социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести