Салах е најлошиот реализатор во Премиер лигата

Mохамед Салах минатата сезона беше прогласен за најдобар фудбалер во Премиер лигата. Напаѓачот на Ливерпул блесна и постигна дури 32 лигашки погодоци, а беше и еден од најзаслужните што тимот стигна и до финалето од Лигата на шампиони.

Сепак, токму на крајот од минатата сезона, работите за Салах тргнаа на лошо. Во финалето на ЛШ против Реал Мадрид се повреди. Потоа немаше некој забележителен настап на Светското првенство во Русија во дресот на Египет, а сега и во новата сезона во Англија е далеку од посакуваното ниво.

Салах даде гол во првото коло победата од 4:0 против Вест Хем, а се радуваше на погодок само уште на дуелите против Брајтон и Саутемптон. Ваквиот биланс е премалку за играчот кој лани бил најдобар. Статистиката покажува дека Салах ушатил дури 32 удари за да ги даде тие три погодоци и е најслабиот реализатор во англиското првенство.

Паузата за репрезентативни настапи може да биде и пресвртница во формата на Салах, кој се надева дека повторно ќе ги тресе противничките мрежи во исто темпо како што тоа го правеше минатата сезона.

- Оглас -

Најнови вести