Салах и компанија „спијат“ – Ливерпул оваа сезона финалињата ги игра за чиста нула (ФОТО)

Ливерпул имаше одлична сезона во која што до самиот крај се бореше за четири титули, нешто што не се случило досега во фудбалот. Но, тимот од „Енфилд“ остана трофеите од ФА и Лига купот.

Но, поразителен факт е за оваа сезона е тоа што на сите три финални средби Ливерпул не постигна ниту еден погодок во регуларните 90 и дополнителните минути а противникот беше идентичен, Челзи.

Вкупно одиграа 330 минути, имаа 61 шут во рамките на головите, односно во просек по 17 удари во рамките на голот, а според нивната статистика од останатите средби, се се очекуваа 5.7 погодоци на „црвените“ во финалињата, односно во просек по помалку од два гола.

Ова е очајна статистика за тим кој што има највисоки цели во европскиот фудбал и кој што во своите редови има напаѓачи како Мохамед Салах, Садио Мане, Луис Дијас и останатите.

- Оглас -

Најнови вести