Салах ќе најде начин како да постигне гол, само дајте му ја топката (видео)

Ливерпул го делат 45 минути од пласман во нокаут-фазата од Лигата на шампионите. „Црвените“ имаат минимална предност по првиот дел против Наполи во клучната пресметка од групната Ц, во директниот дуел за второто место.

Голот го постигна Мохамед Салах во 34-та минута од мечот, неговата мајсторија предизвика делирум на „Енфилд“ со неговиот трет погодок во европското натпреварување за оваа сезона.

Египќанецот воедно го реализираше и 35-от гол на 38-от настап на домашен терен.

https://www.dailymotion.com/video/x6yskf6

- Оглас -

Најнови вести