Салах пак е играч на сезоната во Англија, ги претрка соиграчите Мане и Ван Дајк

Мохамед Салах повторно е избран за најдобар фудбалер во Англија, а признанието е со гласови на неговите колеги, играчи на тимовите во Премиерлигата, односно од Професионалната асоцијација на фудбалери.

Салах доби најмногу гласови и ги претрка сограчите Садио Мане и Вирџил Ван Дајк, а во конкуренција за признанието беа и Кевин Де Бројне од Манчестер сити, Хари Кејн од Тотенхем и Кристијано Роналдо од Манчестер јунајтед.

https://twitter.com/PFA/status/1534969829546872832?s=20&t=R4NQFmj4TXvmKtaSiJ3xnw

Салах беше најдобар игра во Премиерлигата во 2018 година, а во сезоната што заврши беше топ-стрелец во Англија со 23 гола, колку што имаше и Хјунг-Мин Сон од Тотенхем.

„Секое признание е голема чест за фудбалер, но ова е навистина значајно и големо. Особено што е добиено во избор на играчите од Премиерлигата. Многу сум среќен и горд“, изјави Салах.

 

- Оглас -

Најнови вести