Салах сакаше да ја спречи шестата измена на Ливерпул, но не знаеше дека тоа не е против правилата

Ливерпул се намачи, но на крајот го победи Саутемптон со 3:1 во меч од 28 коло на Премиер лигата. Со оваа победа, Црвените од „Енфилд роуд“ уште еднаш потврдија дека се големи фаворити за освојување на титулата во Премиер лигата.

Како по обичај сезонава, Мохамед Салах е херојот на Ливерпул. Голгетерот постигна два погодоци, двата од пенал, а неговиот тим стигна до нови три бода.

Голот за 3:1 Салах го постигна во 88 минута, а веднаш потоа Ливерпул најави дека прави замена. Салах веднаш реагираше и сигнализираше дека измената не треба да се направи бидејќи ќе биде шеста на мечот, додека по правилата се дозволени пет замени. Според пишувањата на новинарот Дејвид Линч, Салах сакал да ја спречи измената.

Сепак, од клупата на Ливерпул без многу двоумење го извадија Александер-Арнолд од игра, а на теренот влезе Кванса Џарел Кванса. Ова беше регуларна замена, затоа што на почетокот на средбата, во 19 минута, гостите мораа да направат принудна замена поради потрес на глава на Беднарек.

Кога има ваква принудна замена поради потрес на главата, на мечот се дозволува двата тима да направат уште една дополнителна замена, односно да може во игра да се внесат шест нови играч, правило кое Ливерпул го искористи.

- Оглас -

Најнови вести